ЦЕЛОСНО ПОПЛАВЕНО: Невремето го уништи покривот на ОУ „Тихомир Милошевски“ (ГАЛЕРИЈА)

Невремето што вчера вечерта го зафати Скопје направи голема штета во основното училиште „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров.

На фотографиите испратени од загрижени граѓани може да се забележи уништениот покрив на училиштето, како и поплавените ходници. Извори за „Слободен печат“ велат дека на учениците им било речено до петок да не доаѓаат на настава.

Силниот ветер кој вчера дуваше со 70 километри на час откорна дрвја, додека на некои локации уништи и покриви низ Скопје, а општинските екипи до доцните вечерни часови работеа на отстранување на штетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот