Целосно обновени тоалетите во ООУ „Војдан Чернодрински”

Целосно се обновени тоалетите во ООУ „Војдан Чернодрински”, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен), информираат денеска од Карпош.

Направена е санација на санитаријата, при што се поставени нови подни и ѕидни плочки, тушови, мијалници, дозери за сапуни, огледала и нови водоводни и канализациони цевки.

-Овие тоалети не беа обновени од основањето на ова училиште, со што конечно се овозможија подобри хигиенско – санитарни услови. Општина Карпош продолжува да работи на унапредување на условите во основните училишта, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Од Општината иформираат и дека изминатиот период била санирана и спортската сала во ООУ „Владо Тасевски”, како и дека се работи и на нови сензорни соби за лица со попреченост во „Вера Циривири – Трена” и „Лазо Трповски”, како и нови тоалети во „Аврам Писевски”, Бардовци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот