Целосно обновен паркинг во Аеродром

Граѓаните што живеат во непосредна близина на детската градинка „Бамби“ и ОУ „Љубен Лапе“ добија целосно обновен паркинг со површина од 1600 квадратни метри, соопштија од општина Аеродром.

Имено, денеска завршија градежните активности на кои се работеше во изминатиот месец. Реконструкцијата опфати машинско гребење на оштетениот асфалт, чистење и обеспрашување на изгребаната површина и машинско асфалтирање, а во наредниот период ќе се обележи и сообраќајната сигнализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот