Целибаши ги повика младите да излезат на гласање, а од партиите побара мирна кампања и достоинствен изборен процес

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК), Илирјан Челибаши, неколку дена пред 25 април, кога во Албанија се одржуваат парламентарните избори, ги повика младите да станат дел од изборниот процес, јави дописничката на МИА од Тирана.

Преку објава на Твитер тој напиша дека младите во Албанија треба да се вклучат во демократските процеси во земјата и да учествуваат на 25 април 2021.

– Ја охрабрувам албанската младина да се вклучи во демократските процеси на земјата и да учествува на изборите на 25 април 2021 година. Избери, гласај, одлучи, порача тој.

Апелот следува откако се погласни се информациите дека младите незадоволни од нивниот статус во општеството и огромната невработеност, во спроведи анкети, тврдат дека нема да излезат на гласање.

Првиот човек на ЦИК го повтори апелот до политичките партии за достоинствена и мирна предизборна кампања, демократски и фер изборен процес.

– Кој ќе ја понесе оваа одговорност ќе се соочи со соодветни санкции. Апелираме дека мора да има мирна и достоинствена кампања и граѓаните да можат слободно да одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас, рече Челибаши.

Овој повик доаѓа по бројните тензии создадени од лидерите на двете најголеми партии во земјата, социјалистичката и демократската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот