Цела поранешна СФРЈ на Европско првенство

Европското ракометно првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка, за прв пат как учесници ќе ги има сите шест држави кои беа дел од поранешната СФР Југославија.

Додека Македонија, Хрватска и Словенија, на релативно лесен начин и без големи неизвесности обезбедија пласман на континенталниот собир, останатите три држави, Србија, Црна Гора и БиХ пласманот го заверија во последното коло од квалификациите.

Репрезентацијата на БиХ за прв пат во историјата ќе настапи на ЕП откако во одлучувачкиот натпревар ја совлада Чешка како гости со 24:23 и како најдобро третопласирана селекција обезеди пласман на ЕП.

Црна Гора во „Морача“ со 27:21 ја совлада Украина во последното коло и го освои второто место во Групата 8.

Немања Зеленовиќ со голот на 21 секунда до крајот на натпреварот и донесе победа на Србија од 32:31 над Швајцарија. Србија е една четирите најдобри третопласирани репрезентации кои ќе играат на ЕП 2020 кое ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка.

УЧЕСНИЦИ НА ЕП 2020
Шпанија, Австрија, Шведска, Норвешка, Македонија, Германија, Полска, Хрватска, Швајцарија, Србија, Исланд, Словенија, Летонија, Холандија, Чешка, Белорусија, БиХ, Франција, Португалија, Унгарија, Русија, Данска, Црна Гора, Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот