„Цела куќа се тресеше како граната да експлодира“: Нов силен земјотрес кај Петриња

Нов земјотрес пред неколку минути ја погоди сисачко-мославинската жупанија во Хрватска. Според податоците на Сеизмолошката служба, потресот бил со јачина од 3.5 степени, а епицентарот бил кај Петриња.

„Овој беше доста силен, прво експлозија, после тресење, цела куќа се тресеше како граната да експлодира!“, „Овој беше баш силен“, „Кратко но прилично силно тресење“, се само некои од коментарите на корисниците на ЕМСЦ апликацијата за потреси.

Земјата во Сисачко-мославинската жупанија се тресеше и утринава. Станува збор за потреси со сила од 2.6 и 2.7 степени по Рихтер, чиј епицентар бил кај Петриња.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот