Цела Југославија го сакаше Вучко: Пред 37 години во Сараево Сандра Дубравчиќ го запали олимпискиот оган

Profimedia/Instagram

На 8 февруари 1984 година една од најдобрите југословенски лизгачки, Сандра Дубравчиќ, го запали олимпискиот пламен на Олимпискиот стадион „Кошево“ и го означи почетокот на најголемиот спортски настан одржан на југословенските простори дотогаш.

Зимските олимписки игри во Сараево се отворени на денешен ден пред 37 години и претставуваа врв на спортскиот успех на поранешна Југославија, која со три гласа ја претекна Јапонија и првпат во историјата ги организираше ЗОИ.

На Олимпијадата учествуваа 1.272 спортисти од 49 земји. Продадени биле повеќе од 250.000 влезници, а телевизискиот пренос го следеле две милијарди луѓе.

Заштитен знак на ЗОИ во Сараево беше Вучко, една од најпопуларните маскоти на игрите во историјата.

Мисијата на малиот волк, кому гласот му го позајми пејачот Здравко Чолиќ, била да ги зближи луѓето и животните од овој предел.

Олимпијадата во Сараево е прва на која била доделена парична награда за победниците. Од 12 милиони долари, колку што останало во Организацискиот одбор, 10 биле издвоени за дополнително уредување на олимписките арени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enjoy Sarajevo ?? (@enjoy__sarajevo)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djula (@djula61)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот