Цел свет се ИСМЕВА со Трамп откако со маркер ја менувал картата на ураганот (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: EPA

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во својот кабинет во Белата куќа извади метереолошка карта која покажува дека Дориан може да удри во Алабама, иако ураганот веќе го смени правецот и според прогнозата деновиве се движи покрај крајбрежјата на Јужна и Северна Каролина.

Претседателот покажа изменета карта од Националната администрација за океани и атмосфера со доцртан црн полукруг кој ја покрива Алабама. А претходно, во неделата тој твитна порака со неточна прогноза дека покрај двете Каролини и Џорџија, „Најверојатно и Алабама ќе се најде на посилен удар од очекуваното”.

За да потврди дека бил во право тој синоќа покажа карта што не е соодветна на реалноста – ураганот не продолжи над полуостровот Флорида или Џорџија, и сега е многу поисточно од Алабама.

Националниот временски сервис во неделата веднаш порекна дека Алабама ќе биде на удар од Доријан. Во понеделникот Трамп повторно се држеше на тој модел „дека соодветно на некои сценарија Алабама можеше да биде „повредена”.

Брајан Мекнолди, специјалист за урагани, истакна дека Трамп „нема поим што зборува и какво сценарио е покажано на картата”.

– Ризикот за Алабама тогаш (во неделата) беше уште помал отколку претходно, изјави тој.

Демократите го искритикуваа потегот на Трамп со прикажување погрешна карта на патеката на ураганот како себепромоција и ширење лажни вести. Тие потсетија дека распространување неточни информации за локацијата на временски непогоди е казниво со закон.

Претседателскиот кандидат Пит Бутиџич, изјави дека ова ја покажува „тажната вистина за нашиот претседател кој не се фокусира на жртвите и штетите како последица на глобалното затоплување и променетата клима”.

А на овој случај корисниците на Твитер веднаш реагираа, објавувајќи сатирични фотомонтажи во кои ја исмеваа склоноста на Трамп со маркер да ја „дотера“ реалноста по свој вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот