Цел меч за Несторовски против Јувентус, елиминиран Удинезе!

фото: twitter.com/juventusfcen

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот меч во дресот на Удинезе против „Старата дама“, но повторно не успеа да се запише во листата на стрелците.

Јувентус ја оправда фаворитската улога на домашен терен, во Торино беше убедливо совлада Удинезе со конечен резултат 4:0 во осминафиналето од Купот на Италија.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го одигра целиот меч во дресот на Удинезе против „Старата дама“, но повторно не успеа да се запише во листата на стрелците.

Шампионот во Серија А ја започна гол серијата во 16. минута со голот на Игуаин кој успеа да избегне офсајд позиција и стрелаше во мрежата на Николас.

Асистентот на првиот погодок, Дибала од пенал во 26. минута ја зголеми предноста на 2:0. Игуаин му возврати со асистенција во 57. минута, а Дибала постигна еден прекрасен погодок со левата нога.

Конечниот епилог беше поставен во 61. минута, бразилскиот интернационалец Даглас Кошта беше сигурен од белата точка.

Противникот на „Старата дама“ ќе се дознае в четврток кога на стадионот „Енио Тардини“ силите ќе ги одмерат Парма и Рома.

Веќе се познати три четвртфинални двојки, Милан-Торино, Интер-Фиорентина, а Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе игра против бранителот на трофејот од минатата сезона, Лацио.

Сите дуели за пласман во полуфиналето од куп натпреварувањето се закажани за 29. јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот