Цел Карпош и Тафталиџе без струја

Фото: Слободен печат

Во Општина Карпош во моментов нема струја, два дена ЕВН не може да го отстрани дефектот со трафостаницата. Исто така и населбата Тафталиџе е без струја.

Оставени се на милост и немилост оние кои среде овој студ немаат електрично напојување за да ги стоплат своите домови.

Исто така синоќа, портпаролот Атанас Ковачевски, за „Слободен печат“ рече дека нема простор за паника, дефектот ќе се реши за брзо време, но очигледно се уште се јавуваат проблеми.

-Во прашање е дефектна трафо- станица, која за брзо ќе се санира, а во меѓувреме се префрлаат корисниците на други мрежи, на други напојни точки- рече синоќа за „Слободен печат“ Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

Дефект во системот на електродистрибутивната мрежа, исто така, денеска ги остави граѓаните на Карпош, Козле и Тафталиџе без електрична енерегија.

Од Регионалниот центар за управување со кризи своевремено информираа дека екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот