Цел Карпош и Тафталиџе без струја – Слободен печат
ВестиСкопје

Цел Карпош и Тафталиџе без струја

Оставени се на милост и немилост оние кои среде овој студ немаат електрично напојување за да ги стоплат своите домови.

Во Општина Карпош во моментов нема струја, два дена ЕВН не може да го отстрани дефектот со трафостаницата. Исто така и населбата Тафталиџе е без струја.

Оставени се на милост и немилост оние кои среде овој студ немаат електрично напојување за да ги стоплат своите домови.

Исто така синоќа, портпаролот Атанас Ковачевски, за „Слободен печат“ рече дека нема простор за паника, дефектот ќе се реши за брзо време, но очигледно се уште се јавуваат проблеми.

-Во прашање е дефектна трафо- станица, која за брзо ќе се санира, а во меѓувреме се префрлаат корисниците на други мрежи, на други напојни точки- рече синоќа за „Слободен печат“ Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

Дефект во системот на електродистрибутивната мрежа, исто така, денеска ги остави граѓаните на Карпош, Козле и Тафталиџе без електрична енерегија.

Од Регионалниот центар за управување со кризи своевремено информираа дека екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

  1. А како ќе биде, кога населението ќе премине на греење со клима уреди? Нели Владата апелираше да се премине на греење на струја? И тоа сега, кога температурите се над нулата, има дефеци, а по тоа кога ќе се зголеми потрошувачката? Не треба само глупи изјави на тој лизнатиот Ковачевски, туку да си видат какви им се капацитетите за непречено напојување со струја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close