Цеца со огромна емоција зборуваше за Тоше Проески: Тој беше вистински ангел! (ВИДЕО)

Instagram
Фото: Инстаграм

Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година, а 13 години подоцна тагата за него сè уште е присутна.

Нема доволно убави зборови за Тоше, македонскиот ангел и славеј, како што го нарекуваа. Тој трагично го загуби животот многу млад, но неговите песни и спомени никогаш нема да исчезнат.

Пејачката Цеца Ражнатовиќ зборуваше и за овој непокаен уметник со неверојатна количина емоции во 2015 година, во емисијата „Ексклузив“.

„Тоше беше одлично момче, посебен човек и навистина ќе остане голема тагата за него. На сите ни е одземен еден ангелски глас, еден прекрасен човек, еден голем хуманист. Тој е човек кој не бил ограничен со жанр, човек кој студирал опера, свирел на многу инструменти, човек кој навистина бил извонреден талент, скапоцен камен во музиката, дефинитивно“, изјави Цеца.

„Една младост згасната во миг… Во секој случај, тој живее во сите наши срца, дефинитивно преку неговите песни и преку неговите дела. Зад себе остави песни и големи хумани дела… И сите ќе го паметиме по тоа. Него ќе го паметиме само по најдобро“, заклучи тогаш пејачката која јавноста можеше да ја види во ретка прилика со толку многу емоции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот