Цеца Ражнатовиќ позитивна на коронавирусот: Во семејството има и други членови кај кои е потврден вирусот (ФОТО)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирус, пренесуваат српските медиуми.

Како што откриваат блиски извори до фолк дивата, вчера и бил направен тест преку крв, кој покажал дека е негативна. Дека тоа се случи потврди и самата Цеца, откако ја сподели информацијата преку стори на нејзиниот инстаграм-профил.

Меѓутоа, Цеца и нејзиното семејство сепак одлучиле да се тестираат и со PCR тестови, кои се прават така што се зема брис од грлото и носот.

Резултатот покажал дека Цеца сепак е позитивна на коронавирусот. Коронавирусот е потврден и кај нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ. Се претпоставува дека и други членови од фамилијата се заразени, но тоа се уште не е потврдено.

Светлана и Вељко Ражнатовиќ / Фото: Instagram

Цеца се чувствува добро, а таа не се тестирала поради симптоми, туку откако се дозна дека била во контакт со заразена личност која била гостинка на нивната прослава минатата недела, по повод раѓањето на синот на Вељко и Богдана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Од прославата се споделуваа многу видеа, на кои можеше да се воочи дека не се одржува никаква физичка дистанца, ниту пак маски на присутните.

 

View this post on Instagram

 

Hvala svima na divnim cestitkama! ❤️?

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Видео на денот