Цеца против Карлеуша на суд: Јас дојдов, таа не, да не се развлекува веќе ова! (ФОТО)

Фото: Курир.рс

Пресметката помеѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ има нова рунда.

Карлеуша не се појавила на денешното рочиште, додека Цеца и нејзиниот адвокат пред новинарите изјавиле дека судењето е завршена и дека судот наскоро ќе донесе пресуда.

Цеца прва пристигнала на судење и тоа облечена во фармерки, бел капут и високи потпетици, а на присутните новинари само кратко им посакала „добар ден“.

Фото: Принтскрин

На прашање од новинарите дали станува збор за тужба поради навреда на углед, бидејќи Карлеуша во една прилика на Инстаграм напиша дека „Цеца е глупа како к..“, адвокатот на Ражнатовиќ кратко одговори: „Да кажеме дека е за тоа“.

– Не може веќе ова да се развлечува. Ова трае од 2017 година, а сега 2020 година. Јас сега дадов изјава. Доаѓав на секое судење, рекла фолк-пејачката

Последниот спор помеѓу двете сопернички е кога Цеца од ЈК бараше да и ја надокнати штетата за претрпена душевна болка, меѓутоа се заврши со споразум.

Цеца претходно имаше неколку блиски средби со правосудните органи, а поради финасиски малверзации беше осудена и на куќен притвор и плаќање на милионска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот