Цеца повторно на мета на прогонителот, нема мир ни во Белград

Instagram

Фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ проживеа вистинска драма кога извесен О.Л упаднал во нејзината куќа на Кипар. Откако кипарските власти го депортирале во Србија, тој продолжил да ја прогонува пејачката.

Штом слетал во Белград, тој отишол во црквениот дом кај храмот „Свети Сава“ и таму ја барал фолк ѕвездата, пишува Курир.

„Сè се случи сред бел ден, неочекувано. Беше непријатно и вознемирувачко. Непознат човек влезе во зградата и почна да вика дека Цеца му е жена, дека ја сака и барал да ја види. Обезбедувањето се обидело на убав начин да му објасни дека пејачката не е во зградата и го замолиле да не вика. Меѓутоа тој бил насилен и агресивен“, рекол изворот.

Цеца Ражнатовиќ овие случувања многу ја вознемириле.
„Да, слушнав што се случило и ни малку не ми е пријатно. Веста многу ме потресе. Се чувствувам загрозено, но верувам дека ситуацијата ќе се смири и дека човекот ќе сфати дека не е во ред тоа што го прави, рекла пејачката за Курир.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот