Цеца искрено за љубовниот живот: Не сум сама сите овие 20 години!

Instagram

Српската фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ на гостувањето во емисијата „Сценирање“ зборуваше за нејзиниот љубовен живот.

„Не си го растурив бракот по моја вина, па да се каам. Мене Жељко ми е истргнат од раце, се надевам дека и мене ќе ми „се случи“ некој кого ќе го сакам со цело срце. Секогаш имав поддршка од децата, тие не сакаат да сум сама. Едноставно, сами правиме избори. Не бев сама сите овие 20 години, не го експонирав тој дел од животот. Најдолго бев сама две и пол години. Не е среќа само да имаш партнер, не сум жена која по секоја цена ќе биде со некого, подобро е да бидеш сам отколку со кого било. Никогаш не сум осамена, имам прекрасно семејство. Не сум жена која механички сака да биде со некого, исклучително сум емотивна, ми треба некој кој ќе ми биде пријател, во мојата куќа сум без шминка, во пижами, не сум 24 часа дотерана за да фасцинирам некого, мора да ме сакаш навистина онаква каква што сум“, рече Цеца.

Instagram

Исто така пејачката објасни што ѝ е важно кај спротивниот пол.

Физичкиот изглед привлекува внимание, но подоцна гледаш дали има хемија, дали се разбирате, дали ви е забавно, сѐ се врти околу хемијата меѓу луѓето. Дали е постар, помлад, нема врска.“, заклучи Цеца.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот