ЦЕЦА ГО ИМА ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР: Зошто не ѝ дозволува на Анастасија да настапува?

анастасија цеца
Еспресо.рс/Дамир Дервишагиќ

Ќерката на Цеца, Анастасија, веќе сними две песни кои одлично се прифатени од публиката и се вистински хитови. Но, тоа не и е доволно на фолк-ѕвездата да ѝ дозволи на ќерка ѝ да настапува.

Според Цеца, пред да закаже концерт, Анастасија треба да сними барем еден студиски албум, за да може да има репертоар со свои песни.

„Таа треба да сними албум и да излезе на сцена во голем стил и да ѝ покаже на публиката што знае. За мене е неприфатливо да настапи само со две песни“, изјавила Цеца.

Пејачката исто така, смета дека Анастасија треба да го пронајде својот стил и музичко изразување, а особено ѝ е драго што нејзината работа не личи на она што го прави Цеца со децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот