ЦДУ утре го избира новиот шеф на партијата по 16 години владеење на Меркел

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел утре го избира новиот шеф на партијата, а во трката за функцијата се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, и актуелниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.

По 16 години владеење на Меркел, чевлите во кои ќе мора да влезе новиот шеф на партијата се многу големи, а, исто така, е и одговорноста на делегатите при изборот на лидерот на партијата. Исходот од изборите, што ќе се одржат дигитално, според германските медиуми е целосно неизвесен, со мала предност за Мерц.

Пред утрешното изборно собрание, лидерите на ЦДУ повикаа на единство.

Потпретседателката на партијата, Силвија Брехер, рече дека очекува по собранието сите во ЦДУ да застанат зад избраниот кандидат и ќе придонесат партијата да биде обединета неколку месеци пред парламентарните избори во Германија.

Пандемијата на коронавирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма. Предвидено е прво говор да одржи канцеларката Ангела Меркел, а поздравни говори, исто така, ќе одржат и претседателката на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, и белорускиот опозициски лидер, Светлана Тихановскаја, по што кандидатите ќе ја претстават својата програма пред да почне изборот на нов шеф на партијата.

Собранието на ЦДУ требаше да се одржи во декември, но беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата.

На конгресот на ЦДУ се поканети 1.001 делегат, а на победникот  му се потребни 501 глас од делегатите. Прво, ќе се одржи дигитално гласање, а доколку нема јасен победник во првиот круг, двајцата кандидати со најдобар резултат ќе влезат во вториот круг, за кој делегатите, од  правни причини, ќе гласаат со испраќање писмо. Од овие причини, конечниот резултат не можно е да се објави дури следниот петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот