ЦДУ: Што е проблем одложувањето за три месеци, ние имаме одговорност пред нашиот народ

Бундестаг
Бундестаг / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Не разбираме зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември, велат од владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“.

– Што се однесува до Северна Македонија, според моите сознанија и проценки, можам да кажам дека земјата на крајот на септември ќе добие согласност од мојата пратеничка група и од Бундестагот – тврди пратеникот на ЦДУ Јохан Вадефуп.

Притоа тој предупредува дека „не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји“, по тврдењата дека одложувањето на одлуката за преговори може да ги засили активностите и апетитите на Русија и Кина во регионот, пренесува Дојче веле.

Вадефуп ги отфрла критиките кон Бундестагот за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија до септември.

– Ние имаме одговорност пред нашиот народ, особено кога станува збор за една позитивна одлука за почеток на преговори. Мораме на нашиот народ точно да му објасниме, зошто сме рекле „Да“ – вели германскиот пратеник.

Влада: Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот