ЦДЦ: Владата не знае колку вакцини имаат САД

Фото: EPA-EFE/BRIAN SNYDER / POOL

Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) предупреди дека федералните власти не знаат колку вакцини имаат САД, што го комплицира планот на новоизбраниот претседател Џо Бајден за вакцинирање на 100 милиони граѓани за сто дена.

– Не можам да ви кажам колку вакцини имаме, а ако не можам да ви кажам вам, тогаш не можам да им кажам ниту на гувернерите, ниту на здравствените службеници, изјави Рошел Валенски за „Фокс њуз”.

Таа додаде дека со оглед на тоа што ЦДЦ не знаат колку вакцини примаат, не само оваа недела, туку и следната и затоа „не можат да планираат ништо”, објави Си-Ен-Би-Си.

– Тие не можат да утврдат колку вакцинациски пунктови им се потребни, не можат да знаат колку медицински лица им требаат за да ги инјектираат дозите, не знаат колку луѓе можат да добијат повик за вакцина, рече Валенски.

Таа додаде дека ЦДЦ се надева дека ќе има повеќе вакцини и дека тоа ќе го зголеми бројот на вакцинирани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот