-1 C
Скопје

Царовска: За родово базираното насилство треба гласно да зборуваме

Министерката за образование и наука Мила Царовска во видеообраќање по повод одбележувањето 16 дена активизам рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата.

Како што соопшти МОН, Царовска која е и долгогодишна активистка во борбата и јакнењето на женските права, рече дека Владата, но и Министерството за образование и наука посветено работат на искоренување на насилството врз жените и девојчињата, а тоа се прави во сите сегменти во општеството и низ образованието.

– Моите лични заложби, но и заложбите на Министерството за образование и наука се низ образовниот процес да создадеме ненасилно однесување на новите генерации, да го искорениме насилството во каква и да е форма од нашето секојдневие и да поттикнеме толеранција и почит. На ова веќе посветено работиме со укинување на учебниците кои содржат родови стереотипи и поттикнуваат агресивност и понижување и преку воведување нови наставни материјали кои ја унапредуваат родовата еднаквост и различностите, рече Царовска.

Прочитајте и...  Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Министерката истакна дека големо позитивно влијание на сево ова ќе има и воведувањето на сексуалното образование во основното образование, како и јакнењето на стручните служби во основните и средните училишта кои ќе работат на заштита на менталното здравје на учениците и на наставниците.

– Како Влада изминатите години направивме многу за превенција и заштита од родово базирано насилство. Почнувајќи од ратификација на Истанбулската конвенција, до засилување на мрежата за помош и поддршка и поставување механизми за едукација и превенција. Но, ова е битка која мораме да ја водиме сите заедно, како општество. Затоа, денес ве повикувам никогаш да не премолчуваме насилство, да делуваме во име на сите оние на кои им треба нашата помош. Да одговориме на предизвикот кој го нарушува најсветото – безбедноста и сигурноста на секој од нас. Портокаловата е само боја се додека не прерасне во симбол, во заедничка заложба. А, за тоа сме потребни сите. Да пријавуваме насилство, да подадеме рака, да помогнеме, рече Царовска. 

Прочитајте и...  ВИДЕО: Десетина мигранти се обидоа да ја ограбат „Зара“ во Белград, обезбедувањето им се спротистави

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар