Царовска за барањето на НСОН: Репрезентативен синдикат за образование е СОНК

фото Архива

Министерството за образование и наука дискутира со СОНК кој е репрезентативен синдикат за образование според информација што ја имаме од Министерството за труд и социјална политика, одговори министерката Мила Царовска на новинарско прашање за барањето од Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) за социјален дијалог со Министерството.

– МОН е повикано да дискутира со репрезентативни синдикати како што е СОНК. Тој е со одобрение што го издава МТСП, а министерот за образование само ја добива таа информација од МТСП дека репрезентативен синдикат во образование е СОНК. Со него се усогласени сите политики коишто ги носиме, сите предлог-законски решенија. Социјалниот дијалог  во континуитет се случува и јас како министерка навистина го почитувам, рече Царовска во Кочани, каде што денеска присуствуваше на средба за промоција на кампањата „Учи паметно, работи стручно”.

Додаде дека за сите образовни прашања МОН е постојано во комуникација со сите засегнати страни затоа што, рече, на тој начин се носат квалитетни решенија.

-Во моментов СОНК соработува со Министерството. Секако, за нешто имаме исти мислења, за нешто различни, но дијалогот продолжува и ги надминуваме сите предизвици што стојат пред нас, рече Царовска во одговор на новинарско прашање за барањата од НСОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот