Царовска: За 15 проценти ги зголемуваме сите права за попреченост

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска денеска во дворот на семејство во Драчево се сретна со мајки на деца со попреченост. Царовска со родителите разговараше за можностите за користење на правата и услугите што ги нуди реформираниот систем за социјална заштита и она што го нуди предизборната програма на Коалицијата Можеме за следните 4 години.
– СДСМ е партија што ги препознава и одговара на потребите на лицата со попреченост и останатите ранливи лица. Во изминатиот период целосно го реформиравме системот за социјална заштита. Немаме повеќе деца во институции. За прв пат обезбедивме финансиска поддршка од 8.000 денари за лицата со тешка и најтешка попреченост. Развивме целосно нови услуги како што се персонална асистенција и нега и одмена во домот, рече Царовска.
Во новиот мандат, најави таа, продолжуваме да се грижиме за најранливите и сите права за лицата со попреченост ги зголемуваме за 15 проценти.
– Воведуваме и целосно нови услуги на локално ниво кои ќе го олеснат животот и ќе допринесат за поголема социјализација и на децата и лицата со попреченост и на нивните родители, рече Царовска.

Поддршката на СДСМ на претстојните избори, нагласи Царовска, е од суштинско значење за да може да продолжат започнатите реформски процеси и да не дозволиме некој да го урне досега изградениот систем. Сите заедно можеме да направиме многу повеќе за лицата со попреченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот