Царовска во Вашингтон: Најранливите и сиромашните не треба да останат на маргините

Во рамки на нејзината работна посета во Соединетите Американски Држави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска даде интервју за медиумот „Гласот на Америка“.

Царовска истакна дека повеќе од 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа, затоа што во семејните буџети имаат повеќе финансиски средства.

-Најголема реформа е што вложивме во децата, воведување на детски и образовен додаток, за да може идната генерација од најпогодените семејства да не биде повеќе во сиромаштија, туку, да може да излезе и да се бори на пазарот на труд- вели Царовска во интервјуто.

Реформата во системот за социјална заштита има трансформативна улога на целото општество.

-За првпат оние што се најранливи, сиромашните, приматели на социјална парична помош, државата не ги гледа како случаи коишто треба да останат на маргините, туку како потенцијал на општеството којшто треба да биде вклучен, во економскиот раст и развој на државата- вели Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот