Царовскa: Во следните четири години заеднички да направиме суштински реформи во основното образование

Заедно во нови предизвици и остварувања. Подготвени сме да го испорачаме кон граѓаните она што го ветивме и договоривме. Заедно со вас, граѓаните, продолжуваме да создаваме држава со европски вредности и да ги реформираме системите“, објави на Фејсбук, новата министерка за образование, Мила Царовска.

„Во новиот мандат како министерка за образование и наука влегувам со огромен предизвик- да се најде баланс помеѓу зачувувањето на здравјето на населението и да започне учебната година. Сигурна сум дека сите заедно ќе го најдеме најдоброто решение и ќе имаме успешна учебна година.

Мојата цел е во следните четири години е со силна поддршка од мојот тим, колегите од владата, вработените во МОН, просветните работници, родителите и учениците заеднички да направиме суштински и сеопфатни реформи во основното образование. Да ги зајакнеме стручните средни училишта и да ги подобриме оценките на меѓународните тестирања кои ќе станат наша национална гордост.

Ќе работиме и на враќање на достоинството на наставниците и нивна мотивација. Иднината на децата зависи од нас. Сигурна сум дека можеме да ја промениме на подобро“, напиша Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот