Царовска во посета на „Алкалоид“: Со компаниите ќе создаваме квалификуван кадар и ќе обезбедуваме работа за младите

Фото: mia.mk

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, германската амбасадорка Анке Холштајн и претставници од банката за развој KFW, денеска ја посетија компанијата „Алкалоид“ која има интерес од идната година да се вклучи во дуалното образование со отворање на неколку паралелки во средно стручно училиште.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука (МОН), на работниот состанок била потенцирана важноста од создавање на соодветни профили кои се потребни на компаниите, а кои треба да излезат токму од средното стручно образование.

– МОН ја зајакнува соработката со Стопанските комори и со компаниите и локалните самоуправи, со цел преку отворање на нови профили да одговориме на потребите на реалниот сектор, но и да придонесеме за поголема вработливост на младите. Оваа соработка ни е многу важна, затоа што токму реалниот сектор ќе се вклучи во креирањето на наставните програми и уписните политики, рече министерката Царовска.

Од компанијата „Алкалоид“ била поздравена идејата за зајакнување на соработката што треба да резултира со оспособување на кадар во средните стручни училишта кој недостига, а баран е на пазарот на трудот, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот