Царовска: Во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со пензионерите од Тетово со кои разговараше за претстојното зголемување на пензиите, но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација.

– Со пензиската реформа само за една година направивме заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а минималната плата порасна за 15% што ни дава за право да направиме трето усогласување на пензиите коешто ќе биде законско. Во јануари 2020 година сите пензии ќе пораснат за 700 денари и дополнително ќе се усогласат со 160 до 200 денари со што до крајот на 2020 покачувањето ќе изнесува околу 900 денари”, рече Царовска.

Царовска истакна дека покачувањето се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата.

Илија Ивановски, заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување истакна дека пензиите се покачуваат во време кога приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10%.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова рече дека секој заслужува достоинствен живот и истакна дека дополнителните 700 денари коишто ќе ги добијат сите пензионери ќе значат најмногу токму за пензионерите со минималните пензии, а такви се 44% од вкупниот број пензионери.

На средбата во Тетово присуствуваше и претседателот на тетовското здружение на пензионери, Селвер Амети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот