Царовска: Училиштата кои ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство ќе можат да поднесат барање до МОН

На денешната пресконференција новата министерка за Образование и наука ги повтори протоколите кои ги соопшти МЗ Венко Филипче, а истакна и дека е усвоен комбиниран модел на настава, со тоа што секое училиште кое ги исполнува условите ќе може да организира настава со физичко присуство.

-Сите протоколи се подготвени и ќе мора да се почитуваат. Сите училишта кои сметаат дека ги исполнуваат условите ќе можат да поднесат барање за организација на физичка настава. При ваков тип на настава во училниците ќе присуствуваат најмногу 20 ученици,  со час од 30 мин. Во средно училиште  наставата 35 минути. Одморот ќе трае 15 минути, а одмор меѓу часови ќе има од 5 минути со строго почитување на мерките за заштита и превенција од Ковид-19 – изјави Царовска.

Царовска напомена и дека доколку се влоши епидемиолошката состојба во државата и во училиштата каде се одвива настава со физичко присуство веднаш ќе дојде до промена, односно наставата ќе продолжи да се одвива онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот