Царовска: Со спогодбен отказ без работа останале 6 – 7 илјади лица

Корона кризата ги поттикна компаниите побрзо да се трансформираат и да нудат нов тип на продажба – електронска или дигитална, вели вицепремиерката за економски прашања.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска не прецизраше колку граѓани досега, поради корона кризата, пријавиле дека ги загубиле своите работни места со спогодбен отказ или изјава, но според последниот број со кој располага, веројатно се работи за 6.000 – 7.000 лица.

Царовска за ова прашање рече дека сепак, одговорот треба да се побара во Агенцијата за вработување.

Вицепремиерката смета дека корона кризата ги поттикна компаниите побрзо да се трансформираат и да нудат нов тип на продажба – електронска или дигитална. Но, ако некој граѓанин е оштетен на каков било начин при добивањето на ваквата услуга, треба, како што нагласи, максимално да го искористи своето законско право за да се заштити како потрошувач.

Според Царовска, инспекторите работат интензивно, но и транспарентно, редовно одржуваат прес-конференции и координативни состаноци со граѓанските организации за да добијат реална слика од терен, а ги посетуваат и компаниите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот