Царовска: Со новиот концепт ќе создадеме идни генерации кои ќе знаат да ги решаваат секојдневните предизвици

Со новата концепција за првпат нудиме образование кое е инклузивно, со кое училиштата ќе станат места каде учениците ќе научат да учат, ќе постигнат личен развој и ќе ги поттикнеме да размислуваат и да носат заклучоци врз основа на анализа и факти.

-Со оваа образовна концепција ќе создадеме идни генерации кои ќе знаат да одговорат и да ги решаваат секојдневните предизвици, со знаењето стекнато во училиште, но и ќе знаат да одговорат на работните места кои допрва ќе се создаваат во иднината, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска која учествуваше на панел дискусија организирана од „Фајнанс тинк” на тема социо-економското влијание од Ковид-19 во Северна Македонија.

Царовска: Ниту еден наставник нема да остане без работа

Таа, како што соопшти Министерството за образование и наука (МОН), посочила дека образованието во цел свет, па и кај нас се покажа дека не е имуно на пандемијата, но таа пак била причина да се забрзаат процесите на дигитализација.

Царовска: Спојувањето на предметите не е поради спорот со Бугарија

На панел дискусија, додадоа од МОН, учествуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и Џихан Тавилах, претставник на Светска здравствена организација. 

ВИДЕО | Царовска: Преку интеграција на природните и општествените науки до европско образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот