ВИДЕО | Царовска: Сите наставници да се вклучат во подготовка на наставните програми согласно новата концепција

Фото Слободен печат/ Драган Митрески
Јавноста е запознена со деталите од концепцијата во основното образование која се усвои на владина седница, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, одговорајќи на новинарско прашање на денешната пресконференција за новинарите.
Зборувајќи за новата концепција, Царовска истакна дека сега на ред се наставниците, односно побара сите да се вклучат во подготовка на програмите кои ќе се изучуваат.
-На ред е јавниот повик кој се однесува на подготовка на наставните програми, кои ќе започнат од следната учебна година. Сите наставници и професори сакам да се вклучат во подготовката на програмите – истакна Царовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот