Царовска: Родовата рамноправност е придобивка за целото општество, ги елминираме случаите на дискриминација во основното образование

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Ако споредиме што се е направено во овој период зад нас, ние сме светлосни години понапред во делот на женските права во однос на 2015 или 2016 година, денес ние живееме во многу порамноправно општество и тоа не само во легислативата, туку работите се менуваат и во пракса, порача вечерва потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на онлајн трибина организирана од Форумот на жени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март.
-Главна придобивка е дека за првпат пат зборуваме дека родовата рамноправност или феминистичките политики не се однесуваат на борбата против мажите и жените или превласт на жените врз мажите, туку дека тоа е придобивка за доброто на општеството и дека од унапредувањето на правата на жените во едно општество, добиваат и мажите. И сметам дека тоа е основата за политиките понатаму да можат вистински да се имплементираат, посочи Царовска.
Потпретседателката Царовска истакна дека еден од начините за унапредување на статусот на жената и поголема заштита од родово базираното насилство е низ системот на образование уште во основното образование.
-Во новата концепција на основното образование еден од трите столба е родовата рамноправност. Тоа е важно затоа што ние се уште имаме учебници кои се полни со дискриминација врз основа на род. И затоа ако државата носи закони за недискриминација на жените, тогаш и образованиот систем треба да се менува. Затоа сме посветени сите оние измени што државата и собранието ги носат како законски измени, да ги вметнеме во образованието, заклучи Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот