Царовска: Реформите во образованието се сукцесивни, концептот ќе се воведе по пет до шест години од сега

Министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со градоначалникот Петре Шилегов, на денешната заедничка пресконференција истакнаа дека по ссостанокот со управниот одбор на Зелс е водена дебата со тамошните претставници, во врска со новите реформи и новиот концепт за основното образование во земјава. 

– Да ја извадиме политиката од образованието, ова е стручна дебата, а ние како одговорни лица сме должни да го извадиме оптималниот максимум и основното образование ќе биде многу значајно и во иднина. Потребно е да се има сериозен пристап кога ќе се зборува за реформите во образовниот систем – порача градоначалникот Шилегов. 

Царовска пак истакна дека е водена дебата со сите засегнати страни, а секој кој има предлог или сугестија за реформите во образованието ќе може тоа да го напише и во писмена форма да го испрати до МОН до 20 јануари.

– Имавме правна средба со управниот одбор на ЗЕЛС. Се разви плодна дискусија на која одлучивме дека треба да продолжиме да дискутираме и со директорите и со наставниците и со сите останати засегнати страни. Досега течеа интензивни координации, ја интензивираме дебатата за реформите  и со наставниците и директорите и со претставници на МАНУ,  но исто така и со меѓународни и граѓански организации, се со цел сите кои имаат коментар да го дадат своето мислење. Во пишана форма и сите останати страни кои имаат став можат да ни го испратат до 20 јануари, но секако дека усните дебати се навистина потребни, бидејќи така се расчистуваат сите проблеми – порача Царовска.

Царовска на средба со СОНК: Синдикатот е наш важен партнер, заедно ќе ги спроведеме реформите

Министерката посочи дека во наредниот период ќе се донесе одлука за тоа како образованието ќе функционира во иднина.

– Во наредниот период заедно ќе одлучиме како ќе функционираме и од следната година. Реформите овојпат се сукцесивни, а нашиот концепт би се вовел за пет до шест години од сега – нагласи Царовска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот