21.8 C
Скопје

Царовска: Протестите се уставно право, но образовната реформа продолжува

Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но, нагласи дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета. Паралелно, рече таа, ќе се инвестир аи во инфраструктура и во обуки и зајакнување на наставниот кадар. Резултати од новата образовна концепција, нагласи, може да се очекуваат по пет-шест години.

– Се се тоа уставно загарантирани права. Од иницијативата ги поставија барањата, ние како МОН имавме средба со нив им одговоривме на нивните барања, кои главно се одесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони кои се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Државата има ратификувано и многу конвенции и има обврска да се придржува и да рапортира кон нив. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат по нив, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на училиштето „11 Октомври”.

Според неа, инфраструктурата во образоанието е само еден сегмент од кавилитетот на наставата. Квалитетна настава, нагласи, може да се држи и во различни нивоа на услови. Тоа, според Царовска, значи дека наставниците треба да се обучени и да имаат потребна дидактика и материјали за учење преку кои ќе им ги пренесат знаењата на учениците.

-Ние со години сме заборавиле да инвестираме во училишна инфраструктура. Се инвестирало во споменици и други приоритети, заборавајќи притоа дека единствен или најголем потенцијал се луѓето. Тие поминуваат низ образоваен систем за понатаму да бидат продуктивни граѓани кои ги почитуваат граѓанските вредности и знаат да се справуваат со сите предизвици кои ги носи современото време. Со новата концепција го правиме тоа. Нашите ученици ги изложуваме на знаење и преку системи кои се светски познати, преку интеграција на содржините и информациите ќе се носат до одредени заклучоци и преиспитување на се она што е поставено таму, затоа што современото време е прединамично, а ние во нашите учебници имаме толку застарени  информации што не им служат ниту на учениците, ниту на наставниците, нагласи министерката за образование.

Според неа, реформите што треба да се спроведат не се избрзани, туку дури и задоцнети.

-Ако сме го направеле пред 10 години немаше денеска да бидеме ниско на меѓународните тестирања кои покажуваат не дека нашите деца не можат да научат, туку оти систмот на кој ние ги учиме не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици, жално, но, вистинито, не се подготвени за ваков тип на соочување со предизвиците што ги носи новото време. Концепцијата ќе почне да се спроведува и очекуваме да даде резултати по пет шест години. Паралено ќе се инвестира во сите три компоненти и инфраструктура, наставни програми и материјали и наставници, рече Царовска.

Според неа, во насока на зголемување на интегритетот на просветните работници е и новиот предложен закон за наставници, согласно кој, како што рече, ќе се вработуваат веднаш на неопределено време и ќе можат да напредуваат.

-Со законот за наставници кој е во Собранието се овоможува чекор на ослободување на наставниот кадар или ако досега требаше наставник да биде вработен на итни и неодложни три или шест месеци, па потоа да биде на една година, па на уште една за да стигне до две години за да добие можност да му се транформира работното место, што беа алатки за да ги држат несигурни наставниците и да ги заведуваат кон разчини активности, сега наставникот се вработува на неопределено време. Со тоа, како секаде во светот ќе има обврска единствено да се фокусира на учениците, а не на тоа како ќе го задржи своето работно место загарантирано со закон, истакна министерката Царовска.

Дополнително на зајакнувањето на наставниците, според министерката, ќе влијаат и постојаните обуки и можноста за кариерен развој.

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар