Царовска: Поттикнуваме доверба и дијалог меѓу училиштата и компаниите

Со дијалог воден низ мотото „Учи паметно, работи стручно” сакаме да поттикнеме доверба и дијалог меѓу училиштата и компаниите и реалниот сектор затоа што на овој начин тие воспоставуваат заеднички систем на образование и подготовка на идните кадри што треба да бидат вработени во компаниите, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, на средба со претставници на стопанството и локалната самоуправа во Битола.

Според Царовска, дискусиите со општините обезбедуваат прецизни информации за потребните профили кои средните училишта треба да ги овозможат за вработување во компаниите.

– Дискутираме за потребните профили кои треба да се отворат во средните училишта во Општина Битола во учебната 2021/22 година. Со овој дијалог воден низ мотото „Учи паметно, работи стручно” сакаме да поттикнеме доверба и дијалог меѓу училиштата и компаниите, и реалниот сектор, затоа што на овој начин тие воспоставуваат заеднички систем на образование и подготовка на идните кадри што треба да бидат вработени во компаниите, рече Царовска.

Додаде дека со дискусијата ги поттикнуваат и помалите компании да вклучат по неколку ученици и со помош на Стопанската комора да оспособат ментори со што ќе се вклучат во дуални паралелки.

– На овој начин овозможуваме квалитетно образование и подготвуваме кадар лесно вработлив во реалната економија, истакна министерката.

Јавна поддршка на проектот дадоа градоначалниците на Битола и Демир Хисар, Наташа Петровска и Марјанче Стојановски.

Петровска предочи дека навременото поставување стратегија за струките што ќе бидат воведени во образовниот систем и курикулумите што со нив се поврзани, треба да бидат усогласени со потребите на пазарот на трудот.

Стојановски истакна дека досега младите кадри по завршување на средното образование имаа проблеми при вработување, но отсега, како што рече, ние создаваме услови токму преку образованието да се подготвува кадар корисен за општеството и посебно за стопанството.

Царовска: Креираме образование за потребите на стопанството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот