Царовска: Платформата ја правиме не само за да ја надминеме ковид состојбата, туку и за да биде поддршка и понатаму во наставата

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше координативен онлајн состанок со над 200 директори од основни и средни училишта во државата. На состанокот, како што соопштија од Министерството, се разговарало за сите актуелни прашања и за организираноста за стартот на учебната година.

Министерката во разговор со директорите истакнала дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и воспоставувањето на онлајн платформата, но го забрзува и целиот процес на модернизација на образовниот систем.

Првпат, како што посочила Царовска, државата создава еден ваков сложен онлајн систем за исклучително краток рок, но додава ќе има предизвици кои заеднички ќе се надминуваат.

-Платформата ја правиме не само за да ја надминеме ковид состојбата, туку и за да биде поддршка и понатаму во наставата. Предизвици ќе има, но најважно е сите да покажеме грижа кон учениците и да ја започнеме наставата на први октомври, посочила Царовска.

Од Министертсвото посочуваат дека редовната координација на министерката со директорите продолжува и во наредниот период, со цел да се надминуваат предизвиците и да се обезбеди непречена настава во време на пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот