Царовска: Планот е да создадеме образование достапно на сите

Мила Царовска / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Почна да работи групата која ќе ги прави реформите во основното образование. Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа прв состанок со претставници на групата во која се вклучени вработени во Бирото за развој на образованието, универзитетски професори, наставници од основното образование, УНИЦЕФ и од Македонскиот центар за граѓанско образование.

Како што информира МОН, на состанокот Царовска нагласи дека нејзина и заложба на Владата е обезбедување квалитетно образование за сите деца.

– Планот е да создадеме образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи. Во фокусот на реформата ќе бидат учениците, како и наставниците кои треба да бидат поддршка во учењето на децата, истакна Царовска.

Царовска: Оваа година нема да има училишни екскурзии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот