Царовска: Пензиите ќе растат колку што ќе расте и инфлацијата и тоа два пати во годината

Фото: Мила Царовска/Д.Митрески

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска одржа работна средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и други претставници и членови на Извршниот одбор на Сојузот.

На состанокот се дискутираше за носењето на Закон за пензионерско организирање што го предлага Сојузот, за старските, односно пензионерските домови и за усогласувањето на пензиите.

-Мислам дека е многу важно да имаме вакви средби на кој што ќе имаме конструктивни дискусии во врска со сите прашања поврзани со пензионерите коишто преку својот труд во минатото учествувале во изградба на нашето општетество, рече министерката на средбата.

Во врска со усогласувањето на пензиите министерката истакна дека со пензиската реформа се стабилизирал пензискиот систем и е направена заштеда во Буџетот од четири милијарди денари, но и се исплатила пензија без позајмици.

-Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат. Со последните законски измени пензиите ќе растат колку што ќе расте и инфлацијата и тоа два пати во годината, а предвидено е и трето усогласување на крајот на годината доколку имаме економски раст од над четири отсто, што, според досегашните показатели, е возможно да се случи, рече Царовска.

Просечната пензија порасна од 13.754 денари во декември 2016 на 14.580 денари со последното усогласување во март годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот