Царовска: Пензиите ќе растат колку што ќе расте и инфлацијата и тоа два пати во годината – Слободен печат
ВестиЕкономија

Царовска: Пензиите ќе растат колку што ќе расте и инфлацијата и тоа два пати во годината

На состанокот се дискутираше за носењето на Закон за пензионерско организирање што го предлага Сојузот, за старските, односно пензионерските домови и за усогласувањето на пензиите.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска одржа работна средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и други претставници и членови на Извршниот одбор на Сојузот.

На состанокот се дискутираше за носењето на Закон за пензионерско организирање што го предлага Сојузот, за старските, односно пензионерските домови и за усогласувањето на пензиите.

-Мислам дека е многу важно да имаме вакви средби на кој што ќе имаме конструктивни дискусии во врска со сите прашања поврзани со пензионерите коишто преку својот труд во минатото учествувале во изградба на нашето општетество, рече министерката на средбата.

Во врска со усогласувањето на пензиите министерката истакна дека со пензиската реформа се стабилизирал пензискиот систем и е направена заштеда во Буџетот од четири милијарди денари, но и се исплатила пензија без позајмици.

-Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат. Со последните законски измени пензиите ќе растат колку што ќе расте и инфлацијата и тоа два пати во годината, а предвидено е и трето усогласување на крајот на годината доколку имаме економски раст од над четири отсто, што, според досегашните показатели, е возможно да се случи, рече Царовска.

Просечната пензија порасна од 13.754 денари во декември 2016 на 14.580 денари со последното усогласување во март годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

  1. Не црцори без врска. Каде најде дека пензиите пораснале за 826 денари? Ајде земи еден чек на некој пензионер и направи споредба. И да кажеш, што стана со парите украдени од пензискиот фонд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close