Царовска: Oваа учебна година учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес

Мила Царовска /Фото Архива на Слободен печат

 Министерката за образование и наука Мила Царовска со видеообраќање се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата.

– Учебната 2020/2021 претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за сите нас претставуваше најголема грижа. Сето ова немаше да биде возможно без несебична поддршка и помош од наставниците и родителите. Цврсто верувам дека со здружени сили сè може да се постигне полесно. Благодарение на вашиот заеднички придонес во овој процес, ова уште еднаш се докажа. И во овие услови, создадовме сплотена, грижлива и поддржувачка заедница со една цел – учениците да добијат квалитетно образование, а нивното здравје и безбедност да останат заштитени, рече Царовска.

Таа истакна дека  е особено на учениците кои со ова беа најмногу засегнати. Иако наставата на училиште и непосредната комуникација со соучениците и наставниците тешко може да се заменат, рече Царовска, тие работеа напорно и со наставата на далечина покажаа висока продуктивност и одлични резултати.

– Недостатоците во знаењата кои нужно се појавуваат поради условите во кои се одвива наставата, пандемијата, но и новите начини на учење, заедно ќе се обидеме да ги надминеме следната учебна година, со цел да овозможиме успешно школување и добра иднина за нашите деца. Благодарност за сè што направивте да го поддржите учењето од дома. Балансирањето на семејниот и професионалниот живот некогаш не е едноставно. Како родител на дете во основно училиште, свесна сум дека следењето настава на далечина беше уште еден семеен предизвик со кој сите се соочивме. Ви благодарам за покажаната посветеност и подготвеност за соработка, кои беа суштински дел од успешното спроведување на овој процес, рече Царовска.

Министерката изрази благодарност и до сите учесници во воспитно-образовниот процес кој се реализираше со физичко присуство во училница, за доследното почитување на мерките за заштита на личното и јавното здравје, со што дадоа свој придонес за училиштата да не бидат трансмитери на заразата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот