Царовска од Центар: Ги решаваме проблемите и секогаш сме со граѓаните

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска вечерва се сретна со претставнички на општинската организација од Форумот на жени во Центар.

Царовска разговараше за сите актуелни прашања поврзани со родовата еднаквост и јакнењето на жените при што истакна дека на претстојните избори СДСМ  како партија која што носи нови вредности на претстојните избори учествува со 50:50 жени и мажи на листите за кандидати за пратеници.

Претходно Царовска имаше телефонски разговори со граѓаните на кои што им ја презентираше програмата. Истакна дека СДСМ ги решава проблемите и е секогаш помеѓу граѓаните, дури и во овие вонредни услови.

Исто така Царовска делеше заштитни маски и друг промотивен материјал во Центарот на Скопје. Царовска непосредната средба со граѓаните ја искористи да поразговара за актуелните политики и очекувањата на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот