Царовска: Очекувам целосна реализација на нашата програма

Носителката на листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 1 од коалицијата предводена од СДСМ Мила Царовска вечерва беше на маалска средба во населбата Пролет, каде изјави дека како политичка партија се што ќе ветат остваруваат.

-Оваа програма што ја држам ќе ја оствариме 100 отсто бидејќи ќе се посветиме на домашната економија. Тоа можеме да го направиме, бидејќи за не цел мандат успеавме да реализираме над 70 отсто од претходната програма. Ветивме поголема минимална плата и сега имаме минимална плата поголема за 60 отсто, а просрчната плата ја зголемивме за 5.000 денари, рече Царовска.

Таа  истакна дека Социјалдемократскиот сојуз е партија која води грижа за сите граѓани и за повозрасните.

-Не ги заборавивме пензионерите. Откако го стабилизиравме пензискиот систем ги зголемивме пензиите. Во јануари ги зголемивме сите пензии за 722 денари. Во новиот мандат како партија којашто се грижи за најранливите минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари, рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот