Царовска најави стипендии за учениците запишани во дуално образование

Сите ученици запишани во тригодишните дуални паралелки ќе добијат стипендии, додека за оние од четиригодишните паралелки услов ќе биде успехот покажан во основното образование. Информациите ги објасни министерката за образование, Мила Царовска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“.

„Оние коишто се во четиригодишните сепак, треба да постигнат еден минимум, мислам 3,5 просек, којшто го имале во основното образование, но сметам дека тоа се речиси и сите ученици коишто ќе бидат во дуални паралелки. Тоа се некаде 2.000 ученици коишто ќе добијат стипендии во висина од 3.500 денари за целиот период на учење, 9 месеци, четири години или три години, зависи каков профил ќе одберат“, рече Царовска.

Таа истакна и дека Министерството за образование и наука ќе го повтори обидот за откуп на учебниците за следната година, со цел да бидат запазени сите процедури кои ќе доведат до формирање на реална цена на учебниците со што транспарентно и домаќински ќе се трошат јавните пари, но и да не се направи штета на компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот