Царовска: Над 90 отсто од учениците ја следат онлајн-наставата без проблем

Повеќе од 90 отсто од учениците ја следат онлајн-наставата и се вклучени без проблеми во неа, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска при работната посета на штипските образовни институции. Посочи дека на дневна основа се следи како се одвива процесот со онлајн-наставата и, како што рече, е на задоволително ниво.

– Никогаш не можеме да кажеме совршено затоа што треба да бидеме реални. Со условите во коишто живееме и со капацитетите со кои располага државата, со нив менаџираме во моментов. Во октомври почнавме со 70 проценти од учениците да бидат вклучени во онлајн-наставата, за денес да имаме повеќе од 90 проценти од учениците вклучени без проблем во онлајн-наставата. Наставниците се исто така задоволни, рече Царовска.

Според министерката за образование, моделот на настава што е избран во нашата земја во овој момент покажува одлични резултати.

– До вчера, само 66 ученици и само 160 наставници во наставата со физичко присуство се позитивни. Тоа во проценти е 0,05 од учениците коишто се со физичко присуство, и помалку од еден процент од наставниците. Тоа укажува дека во образовниот систем пандемијата е под контрола и бројките се ниски, рече Царовска.

Министерката и денеска повтори дека првото полигодие од учебната година 2020-2021 година ќе заврши на крајот на годинава, согласно со Планот за учебната година објавен во Службен весник, и второто полугодие ќе почне на 21 јануари.

-Второто полугодие ќе трае до 10 јуни доколку условите и здравствената ситуација остане на ова ниво, рече Царовска.

Министерката за образование и наука и вршителот на должност градоначалник на Штип, Јане Миланов денеска го посетија и регионалниот електро-машински училишен центар „Коле Нехтенин”-Штип, каде што се направени големи инвестиции во подобрување на условите за едукација на учениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот