Царовска на средба со Форум на жени од Карпош: Со цврста заложба ја јакнеме родовата еднаквост

Носителката на листа на пратеници во ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска денеска се сретна со претставнички Форумот на жените од оваа општина. На состанокот се зборуваше за унапредување на родовите права и цврстата заложба на партијата да продолжат со политиките за родова еднаквост и економско јакнење на жените.

– Изминатиот период како Влада донесовме најлиберален Закон за прекинување на бременоста. Волјата на жената е најважна и таа сама одлучува за своето тело. Донесеме вистински вредности во општеството и ги јакнеме жените економски. Во сите програми за финансиска поддршка на бизниси жените се застапени со 50 проценти. Со поддршката на жените во нашата држава ги продолжуваме реформските процеси за социјална и праведна држава. Време е за 50-50, за силни жени кои рамноправно учествуваат во создавањето на силно општество, рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот