Царовска: Ќе биде надминато прашањето со царинските стапки за странските инвеститори

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска изјави дека во следниот период кога ќе се создадат законски услови, ќе биде надминато прашањето со царинските стапки за странските инвеститори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека се водат разговори со Стопанската комора и оти во овој период нема законски можности да им се излезе во пресрет на барањата на инвеститорите.

– Ова прашање директно ќе го поставите до Министерството за економија. Министерството има разговори со Стопанската комора и сметам дека по завршување на овој период во кој законски има пречки да се остварат тие права, тоа ќе се оствари затоа што е важно и треба да има одреден континуитет. Сметам дека ќе се излезе во пресрет во следниот период кога ќе се создадат законски услови и ова прашање ќе биде надминато, рече Царовска при денешната посета на трансформаторската станица Скопје 4.

Кон крајот на декември, Владата ги намали увозните давачки за одредени компоненти што ги користат странските инвеститори во технолошко-индустриските развојни зони, а од 1 јули овие давачки се вратија по старо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот