Царовска: Ја враќаме довербата и соработката помеѓу компаниите и стручните училишта

Министерската за здравство Мила Царовска/ Фото: Архива на Слободене печат

Со кампањата „Учи паметно работи стручно“ по многу години се обновува врската и се враќа соработката и довербата помеѓу средните стручни училишта и компаниите, смета министерката за образование и наука Мила Царовска.

За утринската програма на ТВ Сител таа рече дека до минатата година имаше само 11 дуални паралелки, а сега се отвораат 97.

– Компаниите кои се вклучија во овој процес ќе преземат дел од обврската за одржување на практичната настава. Тоа може да се види и во самиот повик, каде стои точно во која паралелка, која компанија ќе овозможи пракса за учениците. Така што, тие се потенцијални вработувачи понатаму. Затоа што кога сте во компанијата не само што се стекнувате со вештини за работа, или за струката, ја учите културата и динамиката на работа, се запознавате со работодавачот и многу полесно ќе бидете прифатени за понатамошно работење во таа компанија, рече Царовска.

Министерката истакна дека во меѓувреме МОН креираше целосно нова политика на стипендирање на средношколците, согласно која, за новата учебна година предвидени се 2000 стипендии во вредност од 3500 денари месечно за девет месеци во годината за сите кои ќе се запишат во дуална паралелка или во тригодишно стручно образование. Двесте стипендии во износ од 2200 денари месечно за девет месеци во годината ќе им бидат доделени на ученици запишани во прва година во дефицитарните струки, како: електротехничката, машинската, угостителско-туристичката, градежно-геодетската, земјоделско-ветеринарната и текстилно-кожарската струка.

– Ова е одличен мотив за учениците додека се едуцираат, истовремено и да остваруваат дополнителен приход, рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот