Царовска: Имаме група наставници кои потешко ќе се снајдат, но верувам дека и тие ќе покажат резултати

Министерката за образование и наука Мила Царовска, вечерва во гостување во емисијата „Вин-Вин” на телевизија Телма рече дека инвестирањето во наставниците ќе биде еден од клучните приоритети, бидејќи тие се алката на пренесувањето на знаењето на децата.

-Мора да истакнам дека навистина треба да се работи на мотивација на наставниците да го дадат максимумот од себе. Имаме прекрасни наставници кои се ентузијасти и кои верувам дека ќе научат да ја практикуваат платформата и да ја држат наставата преку неа. Ако постојано ги обучуваме сигурна сум дека идната година ќе постигнеме уште поголеми успеси. Имаме и група наставници кои потешко ќе се снајдат, но верувам дека и тие ќе покажат резултати, рече Царовска.

Министерката истакна и дека ќе се работи на менталното здравје коешто е многу важно и дека министерството освен што ќе се фокусира на успешен старт на учебната година во време на Ковид, ќе се фокусира и на психолошката поддршка на учениците.

-Ако се фокусираме само на техничките знаења на учениците ќе создадеме генерации што нема да знаат да почитуваат. Затоа сметам дека е многу важно да воспоставиме и психолошка поддршка преку Единствената национална платформа . Деновиве за тоа ќе разговараме со психолозите од повеќе здруженија во државата кои испратија писмо со иницијатива за соработка, рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот