Царовска и Шкријељ во Ресен: Јануарската пензија повисока за 700 денари

Покачувањето на пензиите се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата.

Заменичката на претседателот на Владата Мила Царовска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, заменик директорот на Фондот на ПИО Илија Ивановски, претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери Станка Трајкова и градоначалникот Живко Гошаревски, денеска се сретнаа со пензионерите во Ресен.

На средбата било разговарано за престојното покачување на пензиите во политика и другите прашања поврзани со повозрасната популација.

– Јануарската пензија што ќе ја исплатиме во февруари ќе биде 700 денари повисока за секој пензионер. Со оваа одлука го зајакнуваме животниот стандард на пензионерите, а просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето на пензиите се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата,  истакнала Царовска, соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавноста.

Прочитајте и...  Размена на артилериски оган во Нагорно Карабах (ВИДЕО)

Системското решение предвидува дополнително зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите.

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, нагласила дека секој граѓанин има право на достоинствен живот и сите имаат право да уживаат во плодовите од она што го сработиле во животот.

– Се инвестира во развој на услуги на локално ниво како што се помош и нега во домашни услови. Се работи на развој на центри за активно и здраво стареење на возрасни лица, кои ќе се користат за социјализација и дружење. Активно работиме на подобрување на услугите на центрите за социјална работа на локално ниво и ќе продолжиме да работиме напорно, затоа што секој заслужува достоинствен живот, посочила заменичката министерка Шкријељ.

Прочитајте и...  Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба

Заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување истакнал дека пензиите и следниот месец ќе се исплаќаат без позајмици.

– Приходите во Фондот се зголемуваат, а дефицитот е намален за 10 отсто. Тоа е резултат на зголемената уплата на придонеси и зголемувањето на бројот на вработени во државата, рекол Ивановски.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова истакнала дека секој заслужува достоинствен живот и ова зголемување на пензиите ќе значи многу за пензионерите.

Прочитај повеќе

Костадинов: Неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ излезе на виделина, 30. асистенти остануваат на улица

Слободен печат

Филипче: Ќе сторам се да нема заминувања од јавно здравственот систем поради проблем што може да се изменаџира

Слободен печат

Два дена по ред во Косово нема смртен случај од ковид-19

Слободен печат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ си се обезбедил статутарно: Мицкоски „имун“ на оставки во следните шест месеци

Соња Христовска Угриновска

Медиумска и психолошка војна во Нагорно Карабах: Азербејџан објави снимка од напад во кој гинат ерменски војници (ВИДЕО)

Слободен печат

Ковид-19 во Србија за последните 24 часа: Нови 72 пациента и ниту еден смртен случај

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Песков: Сите земји околу Нагорно-Карабах да се воздржат од воени активности и провокации

Слободен печат

Лончар: Како на луѓето да им е драго во Србија да има што повеќе починати од коронавирусот

Слободен печат

Јанкуловска е во карантин, допрва ќе се утврдува ризикот за нејзината безбедност во Идризово

Лука Андреев

ЗНМ со осуда за заканите на Тозија кон новинарката Сунчица Уневска

Нови 194 случаи на коронавирус, две лица починаа, 158 пациенти се оздравени

Слободен печат

На ГАК се родило бебе позитивно на коронавирусот

Слободен печат