Царовска и Шахпаска: Врвен приоритет е вклученоста во општетството на глувите и наглувите лица

Mинистерките за образобвание и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска денес учествуваа на дебата „Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава“, организирана од Сојузот на Глуви и наглуви лица по повод 23 септември- Интернационалниот ден на знаковниот јазик.

Двете минстерки на настанот порачаа дека нивен врвен приоритет е продолжувањето на успешната соработка со Сојузот, но и креирањето на политики коишто ќе ги унапредат услугите и вклученоста на овие лица во општеството.

-Денес зборуваме за унапредување на знаковниот јазик во нашата држава. Како Министерка за образование имам предизвици коишто се однесуваат на подобрување на образовниот ситем за глувите и наглувите лица, но и создавање подобри услови во образованието на овие лица. Она на што ќе работиме заедно со Сојузот е да ги создаваме потребните толкувачи. Во овој процес секако ќе бидат вклучени и високообразовните институции  коишто преку квалитетни студии ќе го обноват кадарот-рече министерката Царовска.

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска истакна дека градењето општество кое нуди еднакви можности за сите и целосна инклузивност на лицата со попреченост се определба на владата и на министерството.

 –За мене како Министер за труд и социјална политика од исклучително значење се условите ги имаат  лицата со одредена попреченост за нивна целосна инклузија во општеството, особено по завршувањето на формалното образование. Нам ни треба општество кое и во јавниот и во реалниот сектор ќе создаде услови за целосна интеграција на сите лица. Затоа што придонесот што секој може да го даде за развој и напредок на општеството е бесценет- истакна Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Како особено значаен  проект преку кои се овозможува поголема вклученост и поддршка на лицата со попреченос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот